Вестите кои ги читаме често знаат да бидат исполнети со негативна енергија и да известуваат за лоши работи, но тоа не значи дека во светот не се случуваат и добри нешта. Повелете 10 добри вести од изминатиот период, кои ќе ви го вратат оптимизмот и позитивното гледиште на светот.
Редок вид на кит забележан покрај брегот на Ирска

Критично зарозен вид на кит од Северниот Атлантик беше виден покрај брегот на Ирска за прв пат по повеќе од еден век. Научниците потврдија дека станува збор за Северноатлантски леден кит, кој последен пат бил забележан пред 114 години.
„Бев скептичен на почетокот бидејќи ова е неверојатно случување“ вели Конор Рајан, од Шкотската асоцијација за морски истражувања.
Тој додава дека овие китови се многу ретки и дека се останати помалку од 400 во светот. Овие цицачи, може да пораснат до 16 метри во должина и најчесто се наоѓаат на другот крај на Атлантикот, покрај брегот на Северна Америка. Пред неколку векови почесто се забележувале и покрај бреговите на Европа, но нивната бројка се намалила поради ловот.
САД го намалува користењето на пластика за една употреба

Американската влада соопшти дека до 2035 година сите државни институции ќе престанат да ги користат пластиките за една употреба.
Со оглед на тоа што американската влада е најголемиот купувач на добра и услуги во светот, оваа одлука ќе влијае на светските пазари, мотивирајќи ги индустриите да развијат нови продукти и да го намалат производството на пластика за една потреба.
Согласно новите правила, федералната влада на САД ќе престане да користи пластика за една употреба на настананите на кои се сервира храна до 2027 година и од сите операции до 2035 година.
Копенхаген ќе ги наградува туристите кои користат јавен превоз

Копенхаген воведе нова зелена иницијатива што ќе ги наградува туристите кои користат јавен транспорт со купони за бесплатно кафе и влез во музеј. Ова е дел од иницијативата наречена CopenPay со цел промоција на одржлив туризам.
Туристите кои патуваат со јавен транспорт или со велосипед и не користат автомобили или такси ќе бидат наградувани со бесплатно кафе, бесплатни влезиници за во музеј и дополнителни минути за скијање.
Гамбија ја здржа забраната за осакатување на женските гениталии

Пратениците во Гамбија гласаа да остане да важи забраната за осакатување на женските гениталии донесена во 2015 година, отфрлајќи го контроверзниот закон за укинувања на забраната.
Предлагачите на законот со кој требаше да се тргне забраната велат дека мутулацијата на женските гениталии има традиционални и религиски вредности, но противниците тврдеа дека тоа ги повредува правата на жените и девојчињата.
Од Светската здравствена организација велат дека оваа пракса не носи никакви здравствени бенефити и дека може да предизвика обилно крварење, шок, психолошки проблеми и понекогаш и смрт.
Сечата на шумите во Колумбија на најниско ниво во историјата

Сечата на шумите во Колумбија се намалила за 36 отсто во 2023 година, споредено со претходната и биле пресечени нешто над 792 квадратни километри шума, споредено со 1235 претходната година.
Од Министерството за животна средина велат дека ова е добра вест, но дека војната се уште не е добиена. Во 2023 година сечата на шума била на најниско ниво во последните 23 години и го продолжува трендот на намалување.
Владата на Петро во 2022 година вети дека заштитата на животната средина им е прироритет и дека сакаат да ја запрат сечата на шума во Амазон.
Микроботови направени од алги ја носат хемотерапијата дикретно до канцерогените клетки

Хемотерапијата често не може правилно да се избори со ракот на белите дробови, бидејќи не може директно да ги таргетира белите дробови или барем не во доволната количина за да го убие туморот.
Истражувачите од Универзитетот од Калифорнија во Сан Диего објавија дека креирале зелени биохибридни микророботи од алги кои можат да ја носат хемотерапијата до белите дробови и да ги лечат метастазите.
Јагодите се добри за срцевото здравје

Последните истражувања покажуваат дека јагодите се добар избор за кардиоваскуларното здравје и за контрола на глукозата во организмот.
Од истражувањето кое вклучувало 36 жени и 32 мажи од 20 до 62 години се забележало дека консумирањето на јагодите го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Истражувачите покажале дека оштетувањето на црниот дроб може да биде реверзибилно

Црниот дроб е еден од најиздржливите органи, но сепак е подложен на оштетувања од стрес или стареење, што може да доведува до болести. Сепак последното истражување на тимот истражувачи од Дјук Хелт нашло начин како да го врати црниот дроб во оптимална состојба.
Во експеримети користејќи глувци и ткиво од човечки црн дроб, истражувачите пронашле како стареењето влијае врз црниот дроб и успеале да го сопрат и вратат назад процесот.
Намибија ги декриминализираше истополовите бракови

Највисокиот суд во Намибија го укина законот со кој се криминализираше геј сексот, што е победа за ЛГБТИ+ правата во оваа земја.
Пресудата вели дека со законот се дискриминирале жителите на Намибија, истакнувајќи дека консензуалниот секс не би бил криминализиран доколку е помаѓу маж и жена.
Новиот закон во ЕУ наредува поголема одржливост на производите

Во Европската унија стапи на сила нов закон кој поставува барања за одржливост за широк спектар на производи за секојдневна употреба во домаќинството, објави Европската комисија.
Регулативата за екодизајн за одржливи производи (ESPR) треба да обезбеди производите да траат подолго, полесно да се поправаат и рециклираат, да содржат помалку проблематични хемикалии и повеќе рециклирани материјали и да бидат поефикасни за енергија и ресурси.
Новата регулатива сега опфаќа поширок опсег на производи и воведува „барања за екодизајн“ во повеќе категории како што се издржливост на производот, повторна употреба, можност за надградба и поправка, присуство на супстанции што ја попречуваат кружноста, ефикасноста на енергијата и ресурсите, уделот на рециклирана содржина, преработка и рециклирање , јаглеродниот отпечаток и влијанието врз животната средина и информации за производот, вклучително и дигитален пасош.