Од 29-ти јуни до 6-ти јули во Охрид во организација на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, ќе се одржи 11-та Летна Школа за Архитектура под наслов “Challenging the five-stars”, под менторство на Куба Снопек од Варшава.
Оваа година учениците на Летната Школа во Охрид ќе го реевалуираат хотелот Палас, македонскиот архитектонски скапоцен камен во распаѓање, локалитет кој е наведен како национално архитектонско наследство. Школата ќе има за цел да предложи алтернативна стратегија за враќање на Палас во живот: онаа која ги препознава нематеријалните добра на хотелот и го предизвикува универзалниот стандард за градење хотели, отстапувајќи од вообичаените архитектонски пристапи и фокусирајќи се на подобрување на искуството на посетителите.