„Биди причина за нечија насмевка денес!“

13 август, Меѓународен ден на органодарителството

Трансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принци во здравството, но и во општеството во целина. Органите се даруваат од луѓе кои починале, но согласноста за дарување ја даваат семејствата, а нивната дарежливост и желбата да спасат нечиј живот, и да помагаат на другите, ги прави вистински херои

Светскиот ден на донирањето органи се одбележува секоја година на 13 август за да се подигне свеста за важноста на органодарителството. Донациите на органи како што се бубрезите, срцето, панкреасот, рожницата, коскените ткива и белите дробови, можат да ги спасат животите на луѓето кои страдаат од хронични болести на глобално ниво

Годинава светот го одбележува овој ден под мотото „Биди причина за нечија насмевка денес!“. Овој слоган има за цел да ја подигне свеста за критичната потреба од донирање органи и да ги инспирира поединците да размислуваат да станат донатори на органи. 

Трансплантација на Клиниката за Абдоменална хирургија Скопје

По повод Светскиот ден на органодарителството, Националното здружение „Храбро срце“ денес со почеток во 17 часот на плоштадот во Охрид, по петти пат организира настан на плоштадот во Охрид.

Овој значаен настан има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на органодарителството, што претставува еден од најблагородните чинoви.

На настанот се поканети се сите заинтересирани да се приклучат и да ја поддржат оваа важна иницијатива.

Трансплантација на коскени ткива

Придружувањето на вакви настани не само што ја подигнува свеста, туку и помага во создавање на заедница која е информирана и подготвена да даде свој придонес во спасувањето животи.

Во земјава трансплантацијата на органи е во постојан подем. Статистиката за периодот од 2020 до 2024 година покажува дека вкупно се донирани околу 90 органи(бубрези, срце, црн дроб и коскени ткива), што говори за зголемената свест и алтруизам меѓу граѓаните.

Дизајн Гоце Велески

Во 2020 година, во пандемиска година, беше изведена првата успешна трансплантација на срце во Северна Македонија. До денес 11 пациенти добиле срце од починат донор. Во 2023 година, во ноември беше направена првата трансплантација на црн дроб. Во 2024 уште двајца витално загрозени пациенти добија црн дроб. Во 2021 година беше изведена и првата трансплантација на коски, коскени и меки ткива откако на Клиниката за Ортопедија беше востановена мала банка за коснеки ткива преку Проект на Германската амбасада. Бубрезите се најчесто донирани органи. Според податоците, најмногу се трансплантираат бубрези од причина што еден пациент и донор може да донира два бубрега. Од 2020 година донирани се вкупно 34 бубрези.

Со поектот финансиран од Европската Унија и со поддршката на ЕУ, Министерството за здравство последнава година работи на засилување на капацитетите, подобрување на статистиката и зголемување на свеста за органодонорството меѓу граѓаните.

Трансплантација на Клиниката за Абдоменална хирургија

Инаку, историјата на трансплантација на органи датира од почетокот на 20 век, кога се случила првата успешна трансплантација на бубрег во 1954 година. Роналд Ли Херик бил првиот човек кој го донирал својот орган на својот брат близнак, а д-р Џозеф Мареј бил докторот кој го извршил ова. успешен процес на трансплантација на органи

Оттогаш, напредокот во медицинската наука овозможи да се трансплантираат срца, црн дроб, бели дробови и други органи, со што драматично се подобруваат и спасуваат животи. 

Дизајн Воскресија Андреевска

И покрај овие достигнувања, останува значителен јаз помеѓу бројот на потребни органи и оние достапни за трансплантација. 

Светскиот ден на донирање органи е воспоставен за да се одговори на зголемената потреба за донирање органи ширум светот.

Тој ја негување култура на давање и спасување животи. Овој ден помага да се едуцираат луѓето за критичната потреба од донатори на органи и како донирањето органи може да спаси животи. Постојат многу митови и заблуди околу донирањето органи да станат донатори. Светскиот ден на донирање органи се справува со овие заблуди, обезбедувајќи точни информации и поттикнувајќи го органодонирањето

Дизајн Ана Тасева

Би донирал се што некој би сакал да  земе” изјави Џорџ Клуни.


Споделете го вашиот живот. Споделете ја вашата одлука“ќе каже Мајкл Џордан

Живеј живот после смртта – вети дека ќе го донираш своето тело“ – е пораката од Амит Абрахам

Трансплантацијата на органи, освен што спасува животи, ги поставува и темелите на етичките принци во здравството, но и во општеството во целина. Органите се даруваат од луѓе кои починале, но согласноста за дарување ја даваат семејствата, а нивната дарежливост и желбата да спасат нечиј живот, и да помагаат на другите, ги прави вистински херои.

е-Трн да боцка во твојот инбокс