За голем дел од публиката „Love Will Tear Us Apart“ е најпрепознатлива од Nouvelle Vague, од нивниот истоимен деби албум. Поради популарноста на самата песна многумина се одлучиле да и направат преработка, а ние водени од тоа создадовме листа на верзии кои имаат култен статус. По преслушувањето на преку 180 верзии, може да се заклучи дека некои фанови на Nouvelle Vague тоа го направиле подобро од некои автори и бендови со повеќе албуми зад себе, додека некои верзии се само успешен обид.
Оваа компилација вклучува кавери чии изведувачи на најкреативен пристап и се доближиле на музиката, но и оние кои успеале да ја задржат трагичната атмосфера и драматиката на распадот на врската опишана од покојниот Кертис. Песната не престанува да биде актуелна, сè уште е предмет на интерес на бројни уметници, па покрај разните поп-рок, оркестарски и хорски кавери темата добива и свадбени верзии иако во реалноста нема место за неа на такви поводи.
Susanna and the Magical Orchestra
Норвешката уметница Susanna Wallumrød преку својата Susanna and the Magical Orchestra, комбинација на клавијатура и сензуален глас, долови една од врвните поедноставни верзии. Таа сепак успеа да ги оживее емоциите и потиштеноста за кои пишуваше Картис.
Sven Ratzke
Песната постои и во две верзии на германски јазик. Едната е на Veronike Fischer – „Dann ist Liebe ein Teufelskreis” отпеана во поп манир на осумдесетите, а втората на Sven Ratzke „Wenn Liebe runs zerreißt”. Во оваа листа е онаа на Ratzke. Неговата интерпретација не ја издвојува само тоа што е отпеана на германски јазик, туку тоа дека Ratzke е уметник кој вешто комбинира кабаре и шансона.
Alexa Melo
Во низата акустични верзии кои постојат на интернет е и онаа на Alexe Melo. На својот јутјуб канал оваа млада американска уметница покрај оригиналните песни има и занимлива листа на преработки од The Pixies, Radiohead, Pink Floyd, Elle Fitzgerald, кои се одликуваат со совршени аранжмани препознатливи за осумдесетите. Меѓу сите нив се и две акустични песни на Joy Division.
The Continentals
Во оваа потрага стигнавме и до две интерпретации во духот на рокенролот од педесетите и шеесетите години од 20-от век. Едната е на психобилистичката групи Radioactive Kids од Шпанија чиј звук ги одбележа осумдесетите. Другата верзија е на минхенскиот бенд The Continentals, од албумот „My Rose Tatoo“.
The Shanes
Уште еден германски бенд се најде на оваа листа. Тоа што ја одделува оваа верзија од останетите е тоа што е одсвиена во полка аранжман. Ако очекувате чиста фолк интерпретација се излажавте, бидејќи бенот својата музика ја нарекува „hard polka“. Нивната верзија The Shanes е во соработка со германскио пејач и автор, Katrin Achinger.
The Frames
Даблинскиот бенд The Frames ја има најенергично отсвирената верзија, со ирски звук на виолина кој се бои во меланхолија. Оваа музичката трака се чини е отсвирена со повеќе елан отколку некои концертни верзии на песни од Peter Hook или New Order. За атмосферата секако придонесува и хорското пеење на публиката.
Adrian Borland
Adrian Borland е уметник кој исто така трагично го заврши својот живот. Тој е номиниран за оваа листа не по тој факт, туку поради тоа што со својата емотивна изведба ја пренесе тежината на ситуацијата во песната.
Opera Chaotique
Грчкото дуо Opera Chaotique донесе изведба која истовремено звучи, и џез, и даркерски, а има и доза на античка трагедија. Посебна боја дава придружниот, оперски, женски глас во кабаре дух.
Human Drama
Верзијата Human Drama се карактеризира со комбинација на тивки и енергични звуци на жичени инструменти и женски глас кој е во дијалог со машки вокал кој го има во втор план. Ова дополнително ја нагласува драмата и напнатоста што ги носи песната.
Absinthe
Иако е само кавер бенд, јужноафриканските Absinthe нудат посложена акустична верзија со одличен аранжман и хармонично полифоно пеење. Песната е придружена со добро осмислен и изработен спот кој дополнително ја засилува меланхоличната атмосфера на песната.
Hawksley Workman
Канадскиот мултиинструменталист Хоксли Воркман со својата посебна боја на гласот и начин на пеење успева да предизвика атмосфера на депресија. Одлично надополнување му е првиот дел од траката во кој џез-аранжманот доминира, придружен од пијано и ритам секција.
Revere & Toumani Diabaté
Англискиот бенд Revere пак направи своја верзија заедно со познатиот композитор од Мали Toumani Dijabateom. Преработката важи за една акустична, многу чувствителна интерпретација, чиј аранжман е збогатен со гудачки инструменти и придружба на хор.
The Hot 8 Brass Band
The Hot 8 Brass Band од Њу Орлеанс вешто ги измеша хип-хопот, џезот и фанкот со традиционалниот браз звук од неговиот роден град. Ова не е единствената интерпретација на песната која има дувачки дел, но секако е посебна од сите останати по многу работи, зарем не? Како што кажува и името на бендот, оваа нетипична верзија звучи навистина многу живо и динамично.
Kismet
Кога се појави идејата за создавање на оваа листа, немаше сомнеж дека оваа верзија ќе биде на самиот врв, но и дека нема да биде единствената во тој тесен избор. Кисмет, македонска рок-група, основана од 1993 година од гитаристот на „Мизар“, Горазд Чаповски, носи обработка во целосна смисла на зборот. Почнувајќи од пристапот кон песната, па се до инструментализацијата, а особено фасцинира фактот што пост-панк композицијата е свирена на традиционални инструменти. Ова е најстарата верзија, барем колку што знае потписникот на овие редови, во која се воведени традиционални инструменти и музички мотиви. Оваа верзија секако може да биде гордост за сите наследници на балканското музичко наследство.
Swans
Swans со своите неколку различни верзии покажаа дека најкомплексно пристапиле кон обработката на оваа песна. Бендот направи: Love Will Tear Us Apart (Red Version), Love Will Tear Us Apart (Acoustic), Love Will Tear Us Apart (Black Version). Swans ја покажаа својата мајсторија во секоја од интерпретациите. На црвената и акустичната верзија првиот глас го пее Michael Gira, додека на црната верзија се слуша само гласот на Jarboe. Иако сите се впечатливи, овде всушност ви претставуваме две минути подолга верзија на црвената верзија.
Извор: balkanrock.com