40 нешта од детството по кои жалат возрасните, прв е школскиот распуст

Од будење без грижи до школските распусти, Британците раскажуваат кои се работите кои им недостигаат од периодот кога биле деца. Студијата на 2.000 Британци откри кои активности на возрасните најмногу им недостасуваат од младоста, а повеќе од половина (56 отсто) признале дека го изгубиле чувството за забава со стареењето.

Добивањето џепарлак, играњето во парк и гледањето телевизија веднаш штом ќе се вратат од училиште се најдоа на топ 40 листата. На другите им недостигаат работи кои други ги прават за нив, како готвење, перење и спакувани ручеци. Беа спомнати и будењето со чувство на возбуда, особено на нивниот роденден.

Истражувањето е нарачано од Тропикана, која ги повикува возрасните да ја вратат детската позитивност на почетокот на секој ден со изградба на огромен кревет и ставање пред станицата Кингс Крос за возрасните да го користат како трамполина.

Анкетата покажа дека луѓето обично се сеќаваат дека денот го започнале со чувство на среќа (35 отсто), игриво расположени (22 отсто) и оптимистички мисли (21 отсто) во нивната младост. За споредба, возрасните денес се будат со чувство на умор (42 отсто), под стрес (24 отсто) и вознемиреност (21 отсто). Тие се будат со четири работи на ум, вклучувајќи го времето, задачите на работа за претстојниот ден, парите и сметките.

Каролин Вајлдинг, портпарол на Tropicana Brands Group, рече: „Со оглед на тоа што на толку многу возрасни ширум земјата им недостига дел од забавата што ја имале како дете, како на пример да бидат на отворено или да пеат гласно, ние ја повикуваме нацијата да ја прифати носталгичната позитивност и да бидат повеќе деца“.

„Сакаме да ги потсетиме луѓето да внесат чувство на таа детска забава и сонце во денот. Начинот на кој го започнуваме секој ден, од она што го појадуваме до тоа како доаѓаме на работа, има огромно влијание врз поставувањето на тонот за денот што претстои“.

Истражувањето открива дека повеќе од една четвртина (26 отсто) посакуваат да не го земале детството здраво за готово кога биле млади, а најзабавната возраст била откриена како девет години. За споредба, беше откриено дека 27 години се просечна возраст кога возрасните го изгубиле чувството за забава. Половина од анкетираните се согласија дека возрасните треба да бидат побезгрижни и да извадат лист од детските книги, додека 27 отсто им завидуваат на другите кои се забавуваат без да се грижат што мислат луѓето.

Меѓу работите кои возрасните мислат дека можат да ги научат од младите е да одвојат повеќе време за забава (45 проценти), да го видат најдоброто кај луѓето (40 проценти) и да го започнат денот со позитивност (38 проценти). Од анкетираните, 56 отсто учествувале во детска активност откако биле возрасни, вклучително и дневна дремка (41 отсто), играње на „флипери“ (38 отсто) и боење (33 отсто). Според податоците на OnePoll, таквите забави ги правеле да се чувствуваат среќни (56 отсто) и безгрижни (44 отсто).

Каролин Вајлдинг додаде: „За речиси една третина од возрасните, нивното расположение е под влијание на тоа како го започнуваат денот. Тоа само покажува колку е важно утрото да се започне позитивно – полна чаша. Беше просветлувачки да се научи дека повеќе од половина рекле дека правењето детска активност прави да се чувствуваат среќни“ вели Вајлдинг.

Таа вели дека за да се поттикне инспирација и да се даде на луѓето изговор да издвојат време за позитивност, поставиле огромен кревет во Кингс Крос за да можат патниците и минувачите да ја искористат нивната внатрешна позитивност и да го направат денот порадосен.

„Се надеваме дека оние што ќе се вклучат ќе можат да заборават на работните обврски или секојдневните стресови и да скокнат на огромен кревет, претворајќи ја нивната редовна утринска рутина во можност за забава“.

Топ 40 работи што им недостасуваат на возрасните од нивното детство:

  • Школски распусти
  • Будење без грижа на пр. без грижи за денот што претстои
  • Нема животен админстратор
  • Друг да готви за нив
  • Друг да се грижи за нив кога не се добро
  • Будењето на роденденските утра со чувство на возбуда
  • Поминување многу време на отворено
  • Играње во парк
  • Добивање џепарлак
  • Гледање со пријателите секој ден на училиште
  • Брзо и лесно заспивање
  • Друг да ги мие садовите
  • Гледање детски ТВ емисии
  • Непознавање на концептот на пари
  • Искусување на работите за прв пат пр. летање за прв пат, одење во кино за прв пат
  • Будење со чувство на возбуда
  • Имање пријатели после училиште / одење кај пријателите
  • Чувство дека можеш да бидеш сè што ќе посакаш кога ќе пораснеш
  • Не мора да купувате храна
  • Гледање телевизија по враќањето дома од училиште
  • Качување по дрвја
  • Купување слатки и чоколадо
  • Купени играчки за вас
  • Цртање/боење
  • Тропање на вратите на соседите за да излезе и да игра
  • Играње криенка
  • Безгрижноста да се извалкате кога сте надвор
  • Одење во луна парк
  • Одење на „флипери“
  • Друг да им чита
  • Приготвен спакуван ручек
  • Будење со позитивен став
  • Да ве носат кога сте премногу уморни за одење
  • Пеење без грижи како звучат
  • Скокање во баричките
  • Пешачење, возење велосипед или возење до училиште
  • Добивање сертификати, златна ѕвезда итн
  • Спиење кај другари
  • Дремење во текот на денот
  • Клубови/хоби после училиште

Извор: The Independent

е-Трн да боцка во твојот инбокс