5 јуни- Светски ден на животната средина


Меѓународниот ден за животната средина се одбележува секоја година ширум светот на 5 ти јуни започнувајќи уште од 1973 година. Активностите организирани по повод одбележувањето на овој ден станаа најголемата глобална платформа за јавно информирање за животната средина.

Kралството Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светскиот ден на животната средина во 2024 година, а фокусот ќе биде ставен на обновувањето на земјиштето и запирање на опустинувањето. Реставрацијата на земјиштето е клучен столб на Декадата на ОН за обнова на екосистемот (2021-2030) и собирен повик за заштита и заживување на екосистемите ширум светот, што е од клучно значење за постигнување на целите за одржлив развој.

Не можеме да го вратиме времето назад, но можеме да одгледуваме шуми, да ги оживееме изворите на вода и да ги вратиме почвите. Ние сме генерацијата која може да склучи мир со земјата. „Наша земја. Нашата иднина. Ние сме #GenerationRestoration“ е слоганот со кој се одбележува Светскиот ден на животната средина.

Во целиот свет, екосистемите се загрозени. Од шуми и суви до обработливи земјишта и езера, природните простори од кои зависи егзистенцијата на човештвото достигнуваат крајна точка на загрозеност.

Според Конвенцијата на ОН, до 40 отсто од земјиштето на планетата е деградирано, што директно влијае на половина од светското население. Бројот и времетраењето на сушите се зголемени за 29 отсто од 2000 година и без итни мерки, сушите може да зафатат над три четвртини од светското население до 2050 година.

На секои пет секунди се еродира земјиште еднакво на едно фудбалско игралиште. Сепак, потребни се 1.000 години за да се генерираат 3 сантиметри горниот слој на почвата. Дрвјата во урбаните области можат да го разладат воздухот до 5 °C, намалувајќи ги потребите за климатизација за 25 проценти. Езерата, реките и мочуриштата држат 20-30 проценти од глобалната јаглерод и покрај тоа што зафаќа само 5-8 проценти од неговата копнена површина.

„Времето истекува, а природата барта итни мерки за зачувување. За да го одржиме глобалното затоплување под 1,5 °C, во овој век, мораме да ги преполовиме годишните емисии на гасови до 2030 година. Без акција, изложеноста на загадување на воздухот надвор од безбедните параметри ќе се зголеми за 50 отсто во текот на оваа деценијата, а пластичниот отпад што се влева во водните екосистеми речиси тројно ќе се зголеми до 2040 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс