5 грешки во познати филмови кои ги забележуваат само вистинските фимлаџии (фото)

Сите ние, повеќе или помалку, уживаме во филмовите. Некои од нас се фокусираат на филмското сценарио, други на актерите, трети на костимите и визуелните ефекти. Сепак малкумина даваат значење на ситните детали кои всушност често ги прикажуваат грешките кои настанале во процесот на снимање. Таквите детали не ги забележале ниту режисерите, ниту продуцентите, но затоа тука се вистинските вљубеници во филмот на кои ништо не им бега од око

Titanic (1997)

Сите ја паметиме младата и убава Кејт Винслет како ликот на Роуз во Титаник. Една од грешките во овој филм е поврзана со неа, поточно со нејзината бенка која во одредени делови од филмот е на левиот образ, а потоа истата се појавува на десниот образ. Таквата филмска, односно шминкерска грешка е најзабележителна кога таа разговара со Џек, кој го игра Леонардо ди Каприо. Ако сè уште не сте го забележале тоа време е да го гледате повторно Титаник но со поинакви очи.

Harry Potter and the Order of the Phoenix (2007)

Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер. За истите се направени осум успешни филмови, но и во нив вистинските филмаџии можат да забележат ситни грешки. За да ги забележиме треба да се потсетиме дека филмските настани за Хари Потер се случуваат во 1990-тите. Во филмот, Dudley Dursley (Harry Melling) седи во дневната соба во шорцеви на кои во долниот дел го има логото на G-Unit. Грешката е тоа што овој бренд на 50 Cent е основан во 2003 година.

Pretty Woman (1990)

Pretty Woman е романтична комедија снимана во 1990 година во Лос Анџелес. И покрај тоа што овој филм за брзо ги освои срцата на публиката сепак и во него можат да се забележат т.н филмски грешки. Тоа е забележително во сцена кога Vivian (Julia Roberts) јаде кроасан, а веќе во следниот кадат, неколку секунди подоцна, во нејзините раце веќе има тост. Можеби за многумина од публиката тоа не е воопшто забележителна грешка, но вистинските филмаџии и не мислат баш така.

Notting Hill (1999)

Notting Hill е романтична комедија која на публиката и стана достапна во 1999 година. Како и многу други комедии и овој филм на свој начин ја засмејува публиката. Но покрај тоа што филмот се вброи во листата на успешни комедии тој се најде и помеѓу оние со филмски грешки. Една од нив е забележителна во хотелскиот апартман кога William (Hugh Grant) ја интервјуира Anna (Julia Roberts). Ако досега не сте забележале, фокусирајте се на вратата зад William. Двете широки, месингани рачки на вратите со смената на кадарот се променија и тие. Од широки станаа тесни, а исто така се смени и нивната боја.

King Arthur (2004)

Филмското дејството се случува околу 400 г. н.е., а на седлата на витезите има узенгии. Грешката во овој филм ќе ја согледаат само оние кои се малку повеќе навлезени во историјата. И ако се уште не ви е јасно во што е проблемот време е да ја решиме мистеријата. Не може во филмот да ги има узенгиите, бидејќи тие се воведени во Европа многу подоцна, односно неколку векови по падот на Западното Римско Царство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс