Бијонсе: Немаше да бидам на сцената ако не беше Тина Тарнер

Фотографија: Ројтерс

Американската r’n’b пејачка Бијонсе во текот на концертот во Париз и оддаде почит на пејачката Тина Тарнер која почина пред неколку дена со зборовите дека не би била на сцената и не би имала таква музчика кариера да не била нејзината поискусна колешка.

Преку изразувањето благодарност Бијонсе уште еднаш потсети на големината на Тина Тарнер која почина во Швајцарија во 83-тата година од животот. Тие двете имаат заеднички настап од 2008 година на доделување на Греми наградите каде што ја изведоа песната Proud Mary.

„Само сакам да издвојам малку време да и оддадам почит на Тина Тарнер, ако сте мои обожаватели тогаш сте и нејзини обожаватели. Јас немаше да бидам тука со вас на оваа сцена ако не беше она во мојот живот. Сатоа сакам да пуштите глас за да може и таа да ја осети вашата љубов“- се слуша на снимките објавени од публиката на социјалните мрежи.

Инаку Бијонсе е на светска турнеја, деновиве има настапи низ Европа. После Париз следниот концерт и е во Лондон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс