17 мај, Меѓународен ден против хомофобија, трансфобија и бифобија

Да создадеме свет каде љубовта, почитта и прифаќањето преовладуваат

Човековите права се исти за сите „Никого не оставајте зад себе: еднаквост, слобода и правда за сите“


Денес, 17 мај, светот го одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (IDAHOBIT). Овој ден служи како потсетник дека секој заслужува да живее живот ослободен од дискриминација, предрасуди и насилство, без разлика на неговата сексуална ориентација, родов идентитет или родово изразување.

Темата на овогодинешниот Меѓународен ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата е: „Никого не оставај зад себе: еднаквост, слобода и правда за сите“, и ја нагласува итната потреба за решавање на постојаната дискриминација, насилство и маргинализација со кои се соочуваат лезбејките, геј, бисексуалци, трансродови, интерсексуални и квир (LGBTIK+) лица ширум светот.

На 17 мај 1990 година Светската здравствена организација (СЗО)  објави дека хомосексуалноста не е болест, пореметување или перверзија, и од тогаш до денес, ширум светот во склоп на одбележувањето на овој ден, целта е да се подигне свеста кај граѓаните ширум светот дека и лицата дел од ЛГБТ заедницата треба да бидат заштитени и да имаат права.

До крајот на 2023 година, повеќе од 100 земји презедоа проактивни мерки за заштита на правата на LGBTIK+лицата. Правните реформи во 35 земји-членки на ОН воведоа целосна брачна еднаквост за истополовите парови. Во 43 земји-членки на ОН, дискриминацијата е забранета врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или полови карактеристики.

Сепак, дискриминацијата против LGBTIK++ лицата продолжува и е на алармантно ниво во многу земји каде и понатаму се забележуваат антихомосексуални трендови, како и експлицитна криминализација на истополовите односи. Исто така, има постојан бран на законодавни напори за ограничување на правата на трансродовите луѓе и издигнување на законите за „анти-пропаганда“.

Само 37 земји-членки формално даваат азил на лица кои доживеале дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет, родово изразување или полови карактеристики. Згора на тоа, во кризи, маргинализираните групи, вклучително и LGBTIK++ групите, иако имаат тенденција да ги искусат најлошите влијанија од тие кризи, сепак рутински им се ускратува многу потребната помош.

Во земјава, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, што исто така ја вклучува заштитата на LGBTIK+ заедницата согласно член 5 што се спроведува без разлика на раса, боја на кожа, потекло, пол, род, сексуална идентификација.

И покрај сите напори и кампањи, денес дискриминацијата, насилството и маргинализацијата ЛГБТИК+ лицата и понатаму опстојуваат во многу општества. Голем дел од сето тоа е поради непостоење на отворен дијалог и постојаните предрасудите и стереотипите кои и штетат на ЛГБТИ+ заедницата.

Инклузивните политики во светот прават разлика. Затоа и пораката е да се продолжи да се работи за да изгради, а не само да замисли свет во кој еднаквоста напредува и секој човек може да го достигне својот целосен потенцијал и да живее слободен и еднаков. Свет во кој секој може да го живее својот живот автентично и без страв од дискриминација или насилство

Заедно, можеме да создадеме свет каде љубовта, почитта и прифаќањето преовладуваат над незнаењето и нетолеранцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс