Додека истокот на Европа се бори со пoлави, во Португалија беснеат пожари, три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во шумските пожари

Најмалку три лица загинаа, а 17 се повредени во шумските пожари кои беснеат низ Португалија, објавија португалските власти.

Пожарникар починал од срцев удар, а пронајдени се телата на двајца цивили, јави новинската агенција ЛИСА, повикувајќи се на агенцијата за цивилна заштита АНЕПЦ.

Еден од загинатите е 28-годишен вработен во шумарството кој бил зафатен од пожар во шумата.

Според извештаите, другата жртва, како и пожарникарот, починала од срцев удар додека се обидувала да го изгаси пожарот пред својот дом.

Според властите, речиси 3.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната заштита ги гаснат пожарите. Најлоша е состојбата на северот и во центарот на државата.

Ситуацијата не е надвор од контрола, но е сложена“, рече шефот на АНЕПЦ, Андре Фернандеш. Тој додаде дека гаснењето на пожарот напредува добро со оглед на околностите.

Шпанија, Франција, Италија и Грција ќе испратат по два канадери откако Лисабон побара од Европскиот механизам за цивилна заштита.

МакФакс

е-Трн да боцка во твојот инбокс