Две награди за Театарот за деца и младинци на фестивал во Србија

Театарот за деца и младинци е добитник на две големи награди на фестивалот „Новосадски театарски игри“ соопштуваат од ТДМ. Гран при награда за најдобра претстава освои „Роња, ќерката на ограбувачот“. Во едногласната одлука на жирито стои:

“Претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава”.

Актерката пак, Матеа Јанковска е добитник на наградата за најдобра анимација на кукли.

е-Трн да боцка во твојот инбокс