Еко акција GreenAlliance на Mладински Центар Велес

Дене во 10.30 часот Mладински Центар Велес организира еко акција GreenAlliance, со која уште еднаш ќе ја покаже грижата за паркот и околината.

„Чистењето на локалниот парк не само што го прави просторот поубав, туку и придонесува за зачувување на природната средина. Придружете ни седа го направиме нашиот парк повторно блескав и пријатен за сите нас! Понесете добра волја и насмевка, и заедно да создадеме поубава и почиста околина за сите нас. Вашето учество ќе придонесе за подобра и поздрава животна средина за идните генерации“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс