Engage – отпор против патријархатот, гласно за правата на текстилките

Дванаесеттиот „ENGAGE“, настанот за социјален активизам ќе се случува на 9 јуни (петок) со почеток од 13 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, каде ќе се одржат инспиративни говори на странски и домашни активисти, креативни работилници, како и вечерна журка со бендови. Вечерната програма од 20 часот ќе биде преземена  од растечкиот „Гола Планина“ колектив, кои ќе претстават шест бендови со авторска музика.

Целиот настан е бесплатен, а регистрацијата е отворена преку сајтот www.engage.mk.

Единствениот настан за социјален активизам „ENGAGE“ е организиран од Радио МОФ и Младински образовен форум, а поддржан од National Endowment for Democracy. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, но и за правата на текстилните работнички.

Исто така, дел од говорниците ќе се осврнат и на „Мое здравје“ – гласот на лицата со оштетен слух, други ќе зборуваат за генерацијата Зет и нивната моќ да го трансформираат активизмот и прават поинклузивен свет, а ќе бидат отворени прашања и за родовата еднаквост во 21 век.

Учесници на „ENGAGE“ ќе бидат активистката Kристина Ампева од „Гласен текстилец“, Нина Павичевиќ од Црна Гора, комуниколог и креатор на @kriticki, Леон Шумански од „Гола планина колектив“, потоа Викторија Хамет од САД, од организацијата Gen-Z for Change, Гералдина Гуера Гарсес од Еквадор, од фондацијата АЛДЕА, исто така Христина Божиновска Ѓикова од здружението „Млад знак“, но и активистката Аделина Тершани од Косово, која ќе има и своја изведба на слем поезија.

Овогодинешниот настан ќе биде поделен на три дела:

ENGAGE THE STAGE – Каде ќе имате можност да слушнете домашни и меѓународни говорници кои ќе го пренесат нивното искуство на темите: родова еднаквост, животна средина, човекови права, граѓански иницијативи и музика;
ENGAGE THE WORKSHOPS – Каде ќе можете да се вклучите во една од креативните работилници за реупотреба на стара облека со техника на сито принт, техники за справување со стрес и дишење и како да преживеете на планина;
ENGAGE THE NIGHT – Каде ќе може да ги слушнеме и забавуваме со бендови од младата генерација дел од Гола Планина колективот до полноќ. Публиката ќе има можност да се забавува со бендовите: КЕМ, Zanadu, The Ooz, Niandra, Sivert и Rend.

е-Трн да боцка во твојот инбокс