Extima: Плодна почва на Оља Грубиќ и Via Negativa на фестивалот Прво па женско

Оваа сабота (13 мај) со почеток во 20 часот во холот на Младинскиот Културен Центар, скопската публика ќе има можност за прв пат во Скопје да го гледа перформансот Extima: Плодна почва на Оља Грубиќ и Via Negativa од Словенија. Перформансот е дел од овогодинешната програма на единаесеттото издание на фестивалот за промоција на феминистичката култура и активизам – Прво па женско

Плодна почва е првиот дел од четиригодишниот проект под заеднички наслов EXTIMA. Во него Оља Грубиќ ја истражува екстернализацијата на интимното како основен гест на уметникот од една страна, додека од друга страна ја отвора сложената врска помеѓу приватното и јавното, личното и општественото. Централната премиса на проектот е дека постои аналогија помеѓу искористувањето на жените и она на природата: недостатокот на почит кон нив и местото на кое им е доделено, правејќи ја нивната работа, нивното производство и слично – невидливи.

Авторка на перформансот е Оља Грубиќ, а коавторки и изведувачки се Лана Здравковиќ, Кристина Алексова Завашник, Барбара Куковец и Нохеми Бариусо. Музиката е на Андреј Фон и Вид Драшлер, а локални изведувачи се Филип Арилон и Дино Милосављевиќ. Продукцијата е на Шпела Трошт и Via Negativa. 

Билетите за перформансот Extima: Плодна почва се по цена од 200 денари и можат да се купат на веб страната bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс