Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, во среда на 5 јуни во 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол ексклузивно ќе биде прикажан Филмот „Втор чин“, филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот фестивал.
Филмот е во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду, Луј Гарел и Венсан Лендон во главните улоги.

Француските медиуми за филмот напишаа:
Фигаро: „Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи ѝ се на политичката коректност. Филмот е полн со спонтан хумор“
Пари- Мач: „Втор чин“ е несоменено еден од најдобрите филмови на Дипје: прецизно режиран носи рекордно долги кадри.
Eхо: Дипје е неуморен: тој „поставува на сцена“ четворица збунети ликови и создава од нив една апсурдна фикција. Вистински успех!
.