Фестивалот „Гола Месечина“ гарантира смеење и добра забава со познатите актери Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. Театарскиот фестивал на отворено ќе се одржи од 21-25 јуни со поддршка на општина Аеродром и театар Комедија. Оваа година е десеттото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата.

Фестивалот ќе се отвори со претставата од Србија „Страданијата на првата брачна ноќ“ на Миле Султан, во режија на Драган Божа Марјановиќ. Во четврток, на 22 јуни, ќе настапи „Импров група“ Скопје во состав: Тони Денковски, Мартин Манев и Сергеј Димовски. Водител на настанот ќе биде Борјан Стојков. Наредниот ден, на 23 јуни, во четврток, публиката ќе ја засмејува еден од нашите најдобри комичари, Сашко Коцев, со негово стендап шоу. На 24 јуни театар „Провокација“ ќе ја изведе претставата „Разведи ме“. Актерската игра во претставата е на брачното дуо Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов.

Фестивалот се затвора со стендап настапи на Тино и Атанас, актери на театар Комедија, на 25 јуни, во недела.