Голем јубилеен концерт на Синтезис

На 25 септември во Македонска Филхармонија во 20:30 часот, ќе се одржи голем јубилеен концерт на Синтезис.

Групата Синтезис со право може да се нарече најзначаен македонски извозен музички продукт.

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, Синтезис е најголемиот амбасадор на македонската музика во светот.

Цели три децении Синтезис е чувар на македонската традиционална музика и нејзин облагородувач со нови музички форми и елементи.

Своето патешествие ќе го заокружат подарувајќи и на публиката незаборавен концерт.

е-Трн да боцка во твојот инбокс