Во сабота на 8 ми јуни во 20 часот во КПЦ Јадро, ќе се одржи проекција на филмот It’s My Party, кој го осветлува тајниот живот на жените над 40 години: она што нè движи, мотивира и одвраќа.
Со танцови „портрети“ на 20 жени во „средните“ години, филмот ја истражува тагата, промена на животната цел и успех. Од сеприсутната тага на скршено срце и смртта на саканите, до убавината, децата кои никогаш нема да ги има, хормоналниот хаос, (повторно) заљубување и (повторно) аутирање во вашите 40-ти, климатските промени, кариера заснована на тело што пропаѓа, сечкајќи кромид, пријателите и соработниците Миган О’Шеј и Линеа Свон тргаат да откријат што е заедничко и што е единствено во културите и контекстите. Во 2021 година, штом можеше повторно „лесно“ да се патува, Меган, на покана на кореографката, изведувачка и едукаторка Искра Шукарова го посети КСП Центар-Јадро на иницијалната работилница за креативен процес за проектот It’s My Party. Во текот на една недела, група жени учествуваа во процесот на работилницата: Искра Шукарова, Јасмина Зафировa, Емилија Дамјановиќ, Сеида Бегановиќ и Наташа Јариќ се собраа да работат во паркот пред да се стемни навечер.
Новиот режисер Леона Јариќ ги сними соло изведбите и тие, со сите други, беа монтирани од Линеа Свон. На проекцијата и настанот и се оддава почит на покојната Наташа Јариќ, чија ќерка Леона Јариќ создаде краток документарец за процесот на правење на It’s My Party.