Како децата во 1966 година го замислувале животот во 21. век?

На социјалните мрежи изминатите денови стана популарна снимка од Би-Би-Си од 1966 година на која децата зборуваат како го замислуваат светот во 21. век. Снимката беше објавена од Би-Би-Си пред неколку дена, а кратки верзии од неа се споделуваат на TikTok.

Децата на видеото предвидуваат дека животот во дваесет и првиот век ќе биде досаден, луѓето ќе бидат исцрпени и дека нема да има забава.

Друго дете  вели дека компјутерите ќе ја преземат власта, заедно со автоматизацијата.

„Во 2000 година едноставно нема да има доволно работни места и единствено работа ќе имаат луѓето со висок коефицинет на интелигенција кои може да работат на компјутери и такви работи. За другите нема да има работа“ вели детето.

Имаше неколку интересни изјави, како на пример дека луѓето веројатно ќе имаат зелка во таблетите за појадок, а имаше и страшни предвидувања.

„Тие ќе фрлаат атомски бомби наоколу. Нашиот свет само ќе се стопи и светот ќе биде една огромна атомска експлозија“, рече едно момче.

„Мислам дека нема да има атомска војна, но мислам дека ќе ја има сета оваа автоматизација. Луѓето ќе останат без работа, а населението ќе биде огромно. Мислам дека нешто треба да се направи околу тоа. Мислам дека луѓето повеќе ќе се сметаат за статистика, а не за вистински луѓе“, заклучуваат децата во видеото.

Извор: B92

е-Трн да боцка во твојот инбокс