Една од најголемите шеги на Супермен е: „Како никој не сфаќа дека Супермен е всушност Кларк Кент, но без неговите очила?

Ова прашање доби многу официјални и неофицијални одговори, но тајниот идентитет на Супермен и како успева да биде и Кларк Кент и Супермен е мистерија за многумина. По се изгледа дека носењето очила е само една од работите што ги прави Супермен за да го заштити својот таен идентитет.
За разлика од Бетмен, тој не носи маска и ракавици, па зошто некој не би можел само да му земе отпечатоци и да го открие неговиот таен идентитет? Дали Супермен има отпечатоци од прсти?

Ова ги натера фановите да шпекулираат дека Супермен воопшто нема отпечатоци од прсти. Од друга страна пак, Кларк можеби изгледа како човек, но благодарение на неговите криптонски корени, неговото тело е многу различно од човечкото. Некои приказни сугерираат дека Криптонците имаат различни внатрешни органи споредено со обичните луѓе. Со оглед на ова, дали е можно Супермен да нема отпечатоци од прсти?
Според уредникот на DC Comics, Еди Берганза, Супермен има свои отпечатоци, но тој ја усовршил способноста да не ги остави никаде. Ретроспективното навраќање низ долгата историја на стриповите за Супермен може да го оправда тврдењето на Берганза. Во раните денови, Супермен имал некои необични моќи, од кои едната била да го преобликува своето лице во такво какво што ќе посака. Таквата моќ е искористена во Супермен #45. Во тоа издание таквата супериорност е искористена за Супермен да се трансформира како вонземјанин и на тој начин да се инфилтрира во вонземјанските негативци. Ако Супермен би можел толку лесно да го промени својот физички изглед, разумно е да ги преобликува отисоците на прстите. На тој начин си обезбедува свој отисок како Супермен кој е поразличен од оној на Кларк Кент.

Супер моќите на Супермен доминираат и во анимираните т.е филмските изданија за него. Според тоа тој има моќ на прецизна контрола на мускулите и со тоа може да прави бројни трансформации, за заштита на идентитетот, вклучувајќи го и неговиот глас. Во една епизода од Супермен, анимираната серија, тој открива дека со своите криптонски гласни жици може совршено да ги имитира гласовите на Бетмен и Робин. Ваквите промени можат да помогнат Кларк и Супермен да изгледаат како две различни личности.