Исчезната подморница

Канадски авион регистрирал тропање од океанското дно

Тимовите за спасување водат трка со времето за спасување на петте патници кои се во исчезнатата подморница во Атлантскиот океан. Како дел од спасувачката акција учествуваат и авиони кои со помош на сонари се обидуваат да ја лоцираат подморницата.

Еден од канадските авиони кои го надлетуваат Атлантскиот океан на местото каде што исчезна подморницата со помош на сонар регистрирал звуци на тропање, за кои се претпоставува дека се од патниците на подморницата.

Засега не е познато колку долго траело тропањето, но ваквото открието било споделено со Агенцијата за домашна безбедност на САД. Крајбрежната страга на САД, која ја води истрагата ја пренасочила потрагата по добивањето на овие информации, но засега се уште нема напредок во откривањето на подморницата.

Според властите, во подморницата има уште помалку 30 часа кислород, односно до 6 часот наутро, по локално време во четврток.

Новинарот Дејвид Пог, кој се возел со подморницата Титан минатата година, рече дека пловилото користи два комуникациски системи: текстуални пораки кои одат напред-назад до површинскиот брод и безбедносни пингови кои се емитуваат на секои 15 минути за да покажат дека подморницата се уште работи.

И двата системи запреле околу еден час и 45 минути откако бродот беше потопен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс