По повод Меѓународниот ден на младите, Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид, денеска организира Отворен ден на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ под мотото „Од млади за млади“.
На настанот предвиден да почне од 19 часот младите волонтери на Црвен крст – Охрид ќе презентираат бројни активности во рамки на здравствено-превентивната дејност, првата помош, спасувањето на вода и планина, а најавена е и забава.
Посетителите, особено младите, ќе имаат можност, во зависност од своите желби и афинитети, да пополнат пристапници и се приклучат во најголемото хуманитарно семејство во светот за со своето делување да придонесат во намалување на ранливоста на населението, информираат од Црвен крст Охрид.