Освен развојот на вештачката интелигенција, која се заканува да ги замени писателите и актерите во Холивуд, причина за штрајкот е и нееднаквоста и малите плати за помалку познатите актери, сценаристи и другите потценети учесници во продукциите кои заработуваат неспоредливо помалку од ѕвездите.
Во последните месеци често се појавуваа сведоштва на оние кои едвај врзуваат крај со крај во гламурозната филмска индустрија. Пред тоа ретко се зборуваше за конкретни суми, а и сега останаа многу прашалници – колку всушност заработуваат оние кои се зад сцената, или во споредна улога пред нив?
Според американското биро за статистика, просечната плата за актерите во Калифорнија била 27,73 долари на час — или 1.109 долари неделно, или околу 4.500 долари месечно. Можеби изгледа како многу, но не е минимум, туку просек, во кој се вклучени и милионите кои ги заработуваат актерите со главни улоги.
Американската федерација на телевизиски и радио уметници (САГ) сепак успеа да се избори за минимум – на пример, актерите кои работат една недела на снимање на телевизиско шоу сега мора да добијат најмалку 3.756 долари. Според американскиот систем, таа сума е бруто – актерите „на рака“ добиваат помалку по оданочување.
Поголем проблем од самата сума е што ваквите „тезги“ и исплати се само повремени, а актерите мора да се снаоѓаат меѓу нив.
„Порано ако бевте во популарна епизода од популарно шоу, добивавте приход долго време. Имаше речиси 18 месеци кога можеше да сметаш на дополнителни пари додека не најдеш нешто друго“, изјави актерот Род Меклахлан.
Со доаѓањето на услугите за стриминг, хонорарите значително се намалија, тврди актерката Кели Стјуарт. „Хонорарите што ги добивам од телевизијата и оние од Нетфликс се како ноќ и ден“, рече таа. На Твитер таа објави листа од пет уплати кои изнесуваат вкупно 13 центи.
POST YOUR PAY!! Hey Bob, this is disturbing to me!
— Kellee Stewart (@Kellee_Stewart) July 13, 2023
Let’s start a new trend.. #postyourpay #SAGAFTRA #wgastrike #amptp #SAGAFTRAstrong pic.twitter.com/HWdFb6BvHH
Ваквата состојба им создава проблем на актерите бидејќи не само што остануваат без пари туку и без здравствено осигурување.
Имено, минимумот што треба да го заработат за една година за да имаат право на осигурување е повеќе од 26 илјади долари, што повеќето од нив не успеваат да го направат. Шан Шарма, член на одборот на синдикатот на актерите, вели дека помалку од 13% од членовите на синдикатот го користат ова право.
Фран Дрешер, претседател на SAG, рече дека 26.000 долари годишно е бројка што би одговарала на работа со скратено работно време во повеќето професии. Поради ова, многу споредни актери бараат дополнителни извори на приход за да преживеат.
Out in #DTLA to support the #Teamsters! #WGAstrong #1u pic.twitter.com/FXCHLWnwgv
— Writers Guild of America West (@WGAWest) July 19, 2023
По почетокот на штрајкот, директорот на Дизни, Боб Игер, предизвика гнев во јавноста со изјавата дека „очекувањата на штрајкувачите едноставно не се реални“. Тој го кажа ова на конференција во Долината на сонцето, настан познат во јавноста како „летен камп за милијардери“. Игер заработува и до 27 милиони долари годишно.
Поради оваа дискрепанца, многумина ги оценија изјавите на Игер како одвратни и бесчувствителни. Она што е полошо за нееднаквоста е тоа што таа е во пораст – просечната плата на холивудските директори порасна за 53 отсто од 2018 до 2021 година на неверојатни 28 милиони долари. За тоа време платите на сценаристите и актерите главно стагнираат.
„Студијата се виновни за овој штрајк. Проблемот е нивната алчност и одбивањето да ги платат луѓето праведно“, вели Али Голуб, поранешен програмски асистент на Дизни.
Можеби ќе дојде време кога богатите режисери ќе можат едноставно да ги избркаат актерите и сценаристите, бидејќи неколку луѓе кои знаат да користат вештачка интелигенција ќе бидат доволни за хит серии и филмови. Се додека не дојде тоа време, се чини дека ќе мора пристојно да живеат од своите работници, а се проценува дека штрајкот ќе ги чини четири милијарди долари.
Извор: Index.hr