Вториот Комунити Караван, повторно започнува од Гевгелија на 31 мај во петок, на плоштадот кај фонтаната, од 11:00 до 14:00 часот.
Овој интерактивен настан има за цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедниците низ општините во Република Северна Македонија.
Настанот е организиран во рамки на проектот на USAID North Macedonia „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Konekt , a во партнерство со Apollonia Foundation, Индиго и ЕВН Македонија.