Крај за споделувањето лозинка на Нетфликс: Компанијата ги објави цените

Стриминг гигантот Нетфликс почнува да воведува мерки за претплатниците кои го споделуваат својот профил надвор од домаќинството каде што живеат. Компанијата испратила пораки до корисниците ширум во 103 земји и територии, пишува „The Guardian“, информирајќи ги дека ќе мора да платат 7,99 долари во САД или 4,99 фунти во Обединетото Кралство доколку ја споделат лозинката со лица надвор од нивното домаќинство. Значи, тоа е дополнителна цена над постоечката претплата.

„Почнувајќи од денес, ја испраќаме оваа порака до сите што го споделуваат Netflix профилот надвор од нивното домаќинство во САД и Обединетото Кралство. Профилот на Netflix е за едно домаќинство. Секој во тоа домаќинство може да користи Netflix каде и да е – дома, во движење, на одмор“ се вели во соопштението на Нетфликс.

Нетфликс забележува дека корисниците треба да проверат кој го користи нивниот профил и да се одјават уредите што не се во нивното домаќинство. Тие исто така препорачуваат промена на лозинката.

Постои опција да купите место за дополнителен член, што ви овозможува да го споделите вашиот профил на Нетфликс со некој друг што не живее со вас. Ова се плаќа по горенаведените цени. Дополнителните членови ќе бидат ограничени на гледање Нетфликс само на еден уред, а не на повеќе уреди во исто време. Не е познато до кога корисниците ќе треба да ја направат промената.

Најавата за ова дојде уште минатата година кога компанијата кажа дека ќе ја намали можноста за споделување на профили и тестираше различни начини како да го стори тоа во различни држави. Спроед Нетфликс повеќе од 100 милиони домаќинства ги споделиле своите лозинки со нивните пријатели и роднини кои не живеат со нив. До крајот на март, оваа година, Нетфликс имаше 232,5 милиони активни профили на светско ниво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс