Сите заинтересирани кандидати за полагање курс за спасители на затворени води, можат да се пријават за стекнување сертификат од националниот курс, во организација на Црвениот крст на Град Скопје – Центар.
Курсот започна на градскиот базен во Крива Паланка, во соработка со ватерполо клубот „Крива Река“, концесионер на базенот.
– Црвениот крст на Град Скопје – Центар за безбедност на вода, согласно со своите програмски активности, почнува со организирање курс за спасители на затворени води. Курсот започна денеска, во Крива Паланка. Теоретскиот и практичниот дел на курсот ќе се спроведат во Крива Паланка, на градскиот базен, а заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за здравствената состојба, потврда од матичниот лекар или потврда од Спортска медицина – велат организаторите.
Пријавувањето на кандидатите, посочуваат, се врши исклучиво по електронски пат, на адресата skopje.katastrofi@redcross.org.mk, а сите што ќе го поминат успешно курсот, ќе се стекнат со интернационален сертификат.