Со филмска вечер посветена на Желимир Жилник Кинотеката го отвора Летното кино на 31 мај. Со проекција на култниот филм „Рани трудови“ на Желимир Жилник на 31 мај (среда), со почеток од 21 часот, Кинотеката го отвора Летното кино. Следната вечер, на 1 јуни (четврток), во 21 часот ќе биде прикажан и документарецот „Журнал за Желимир Желник“ на Јанко Баљак, посветен на еден од најангажираните творци на ексјугословенската кинематографија.
Жилник и Баљак ќе присуствуваат на проекцијата и публиката ќе има прилика да разговара со нив.

„На наша огромна радост и ова лето ќе има отворено кино, почнавме пред четири години за време на ковидот и доста е посетено во лето. Преубаво е, имаме и убав двор, има и техника. Лани комплетиравме техника, значи имаме вистинско кино кое не е импровизација. Вистинско кино со вистински тисипи со дигитален кино прожектор“, изјави Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.
Во меѓувреме во Кинотека во тек е манифестацијата „Денови на романски филм“ во организација на Романски културен институт, Амбасадата на Романија и Кинотеката.
Во четврток ќе игра филмот „Интеградле“, а во петок ќе се прикажува филмот „Не допирај ме“. Последен филм што ќе игра е „Магнетна резонанца“ и тоа на 27 и на 30 мај.