Министерката Петровска вдоми кученце кое се качи на бината додека таа зборуваше

Фото: 24info.mk

Министерката за одбрана Славјанка Петровска одлучи да вдоми мало кученце, кое се качи на бината додека таа држеше говор на свеченоста во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ каде беа промовирани новите потпоручници, објави „24 инфо“.

Кученцето продефилирало додека министерката и генералите им честитаа на новите 27 потпоручници во Армијата.

Фото: 24info.mk

Откако сите присутни биле воодушевени од кученцето, министерката Петровска одлучила да го вдоми, откако прво ќе биде однесено на ветеринар. Според нејзините најави тоа ќе било нов чувар во Министерството за одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс