Целта на манифестацијата е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик од страна на младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата.
Предлог-проектите можат да бидат:
- ликовни интервенции во урбан простор (графити) создадени на македонски јазик,
- стикери (налепници) за социјални мрежи и канали на комуникација (вибер, инстаграм…),
- самостојни и групни изложби на дела создадени со користење на македонски јазик ,
- литературни промоции,
- организирање дебати, конференции, работилници и сличнo
Локациите за претставување на проектите можат да бидат во установите од областа на културата, но и други јавни и алтернативни простори, дури и нефункционални, руинирани објекти или простори кои можат да добијат нов современ лик како уметничка сцена.

Конкурсот е отворен до 30 јуни, а е наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Избраните проекти ќе се реализираат во периодот од 15 јули до 1 октомври. Со овој конкурс, Министерството за култура ја стимулира секојдневната употреба на современиот македонски јазик преку традиционалните и нови форми на уметност.
Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на:
КОНКУРС за проект за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година – Министерство за култура (https://kultura.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1…/)