Иницијатива на „Културно Ехо“ и „Стартап Македонија“

Младински хибридни центри во напуштени објекти од минатиот век

Во петок (17.11) во 17:30 ќе се одржи панел-дискусија “Младински хибридни центри: На пресекот помеѓу културата и претприемништвото” организиран од Културно Ехо и Стартап Македонија во Нетавил. Тема на настанот е развојот на младински хибридни центри, во напуштени објекти, по заедничка иницијатива усвоена од Владата.

Долгогодишната градежна експанзија го „јаде“ јавниот простор во Скопје и неповратно му го менува ликот. Зелените површини се жртвуваат за станбени комплекси, а културното наследство се задушува со катни гаражи и трговски центри.

За среќа, градот крие многу заборавени места кои имаат потенцијал да прераснат во нови градски оази. Тоа се напуштените објекти од минатиот век – поранешните културни, административни и индустриски центри – кои би можеле да добијат нови функции и да се приспособат на модерното време, без да го загубат својот некогашен шарм.

Еден предлог за таквото осовременување на напуштените објекти – и институциите – се младинските хибридни центри, иницијатива на „Културно Ехо“ и „Стартап Македонија“ која летово беше усвоена од Владата. Оваа панел-дискусија е прилика да се запознаете со иницијативата и да размените мислења со претставници од младите, културниот и деловниот сектор.

Агенда

17:00-17:30 0️⃣ Пристигнување на настанот

17:30-17:40 1️⃣ Младински хибридни центри: На што точно мислиме?

17:40-18:00 2️⃣ Освојување нови простори за независната културна сцена

18:00-18:20 3️⃣ Инкубација на младински бизниси како мотор на локалната економија

18:20-18:40 4️⃣ Иновации кои ги решаваат горливите општествени прашања

18:40-19:00 5️⃣ А што мислите вие? (Прашања од публиката)

Влезот е слободен.

Глобалната недела на претприемништво на територијата на Rепублика Северна Македонија е подржана од Халк Банка АД Скопје и УСАИД преку Активноста Партнерства за економски раст. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс