„Моето тело, мојата приказна“во Europe House Велес

Во четврток на 25 јули во 17.00 часот во Europe House Велес ќе се одржи работилница за младите .посветена на грижата за сопственото тело.

„Си се запрашал ли некогаш како се однесуваш кон твоето тело? Дали понекогаш имаш негативни мисли или чувства за него? Што велиш за можноста да научиш нешто повеќе преку работилницата „Моето тело, мојата приказна“? На оваа работилница за млади луѓе ќе разговараме за тоа како ги доживуваме сопствените тела, како се грижиме за нив и пораките поврзани со телото кои ги добиваме од социјалните медиуми. Ќе истражуваме стереотипите кои можеби несвесно ги применуваме во однос на туѓите тела и како тие влијаат на нас. Низ комбинација од предавања, практични вежби и дискусии, ќе ги преиспитаме негативните убедувања за себе и ќе поттикнеме атмосфера на себеприфаќање и прифаќање на другите. Придружете ни се и научете како да го сакате и почитувате своето тело, како и да прифатите другите без предрасуди“, порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс