На престојните избори за Европскиот Парламент, виси иднината на ЕУ. Иако има повеќе од 400 милиони гласачи, потребни се само неколку стотици илјади за да ги променат силита во Парламентот, бидејќи крајната десница изгледа со најголеми шанси да го зголеми бројот на мандати.
Сепак, про-ЕУ кандидатите се уште може да се спротивстават на овој бран, доколку мобилизираат поддршка помеѓу тие за кои европските вредности на еднаквост, слобода, солидарност, човекови права и владење на правото, навистина значат. И гледајќи ги бројките и демокграфијата, Ромите се една таква група.
Во ЕУ има околу 6 милиони Роми во речиси сите земји на ЕУ, што е бројка колку една Данска. Ромите се дури 10 отсто од популацијата во одредени земји членки на ЕУ, како Унгарија, Бугарија и Словачка.
Доколку се сфатат и третираат сериозно и фер, Ромите може да играат клучна улога во формирањето на иднината на ЕУ, зајакнувајќи ги нејзините демократски основи. Но сепак, про-ЕУ политичарите не може да сметаат на нивната поддршка „по дифолт“.
Со неколку чесни исклучоци, политичарите направија премногу грешки, губејќи поддршка од голем дел од оваа важна гласачка група.
Прво, многу лидери – особено по кризата во 2008 година, ги оставија Ромите во полоши услови од другите народи. Последните податоци покажуваат дека сиромашните вработени во ЕУ претставуваат 8,5 отсто од популацијата, а помеѓу Ромите, таа бројка е 39 отсто.
Дополнително, ова ниво на сиромаштија се искористува за купување на гласови и условувања. И додека таквите практики се користат и кај другите посиромашни гласачи, податоците покажуваат дека Ромите се најзасегнати од овие недемократски пратики.

Исто така про-ЕУ политичарите пречесто остануваа тивки кога крајната десница ги напаѓаше Ромите. Тоа беше и првиот знак дека про-ЕУ политичарите ја гледаа крајната десница само како политичка сила против маргинализирани заедници, пропуштајќи да ги видат знаците дека се сериозна опасност по нив и демократскиот систем.
Кога унгарскиот премиер, Виктор Орбан го искористи антиромскиот расизам за да ги потчини и заобиколи судовите пред околу пет години, тогашната германска канцеларка Ангела Меркел молчеше. Нејзината влада, партија и Европската политичка фамилија продолжија да соработуваат со владата на Орбан, а ЕУ продолжи да пумпа пари во неговиот режим.
Овие лидери покажаа сличен став и во нивната надворешна политика. На пример, во 2018 година, кога злогласната украинска крајно десна група Ц14 организираше серија на насилни напади на ромските населби, што доведе до брутална смрт на 24 годишно момче, се одржаа протести пред украинските амбасади низ Европа. Но и покрај тоа, про-европските лидери не застанаа зад нив.
Во слична геополитичка калкулација, додека високиот претставник на ЕУ, Јосеп Борел го осуди убиството на Џорџ Флојд во САД, во исто време, убиството на Станислав Томаш, Ром од Чешка, не доби внимание. Русија, од друга страна, ја искористи можноста да застане со Ромите, фрлајќи светло врз неконзистентноста на моралот и политиката во ЕУ.

Со текот на времето ова ја еродираше довербата на Ромите во демократијата, терајќи ги да се воздржуваат од гласање, или полошо, да гласаат за анти-европските сили. Во обид да се искористи оваа ситуација, некои од крајната десница се обидваат да ги продобијат Ромите како гласачи. Во Романија, каде има отприлика 1,5 милиони Роми, најголема популација во ЕУ, крајната десница се обидува да допре до конзервативните гласачи во оваа популација, што не е мала бројка.
Се разбира, поправањето на сите овие грешки пред престојните избори е невозможно, но се уште има работи што може да направат разлика на краток рок.
Обично, про-ЕУ политичарите се срамат да допрат до ромските заедници, поради страв од губење гласови од мнозинството и да ги мобилизираат тие на крајната десница. Сепак, тие мора да сфатат дека постои ефективен начин за зборување за Ромите и нивните права во кампањите. Мора да стават до знаење дека нивното исклучување од образовниот систем и од пазарот на труд, штети на економијата и дека креира загуби за сите. Нивната порака мора да биде дека е потребно да се инвестира во секој граѓанин на ЕУ со цел да се надминат проблемите кои континетот ги има со недостиг на работна сила и зголемени трошоци.
Дополнително, Ромите секогаш биле лојални. Не мора да се гледа во историјата за да се увиди тоа. Сега, иако Украина беше нефер кон нив, Ромите се борат за Украина, бранејќи ги европските вредности. За разлика од крајно-десните политичари, кои добиваат моќ напаѓајќи сограѓани, политиките за поддршка на Ромите се насочени кон коегзистирање.
Какови да биде резултатот од овие избори, про-ЕУ политичарите имаат важна задача. Тие мора да го вратат кредибилитетот и довербата од работничката класа, руралните галсачи, жените, Ромите и сите останати групи кои ги игонираа, разочараа и налутија.
Повторување на крајно-десничарските наративи како тие за миграцијата, надевајќи се дека ќе стигнат до нивните гласачи е поразителна стратегија. За европскиот проект да преживее, овие политичари мора да градат мостови со сите свои граѓани, а не да ги рушат.
Извор: Politico