Награда за најдобриот одговор во 2023-та во видео анкетата “Внимание, внимание”

Во емисијата „Внимание, внимание!“ главниот збор го имаат граѓаните. Од првата епизода, објавена на 28 септември 2023 година, до сега анкетиравме речиси 200 наши сограѓани, кои ги кажаа своите ставови, мислења, очекувања, позитивни и негативни одговори на актуелни состојби во нашето општество.

Сепак, еден одговор се издвои по својата искреност и емотивност и го прогласивме за најдобар во 2023 година.
Станува збор за девојката која на прашањето “Која е личноста на годината за 2023?” таа искрено и автентично одговори дека тоа е нејзиниот дечко кој беше покрај неа.

Ја повикуваме девојката со најдобриот одговор да нѐ контактира за насоки за подигање на наградите кои ги обезбедија поддржувачите на Трн: Маичка од “Шизик на ризик” и мени за двајца од “Киоск бургер”.

Нашите контакт адреси се:
e-mail: info@trn.mk
Фејсбук: https://www.facebook.com/TRNmkd
Интаграм: https://www.instagram.com/trn.mk_/

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс