Вчера вечер во Битола

Отворен 25-тиот Фестивал на монодрама во Битола

Од вчера до 31 мај Битола ќе биде фестивалски град откако и официјално беше отворено 25 тото издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.

Фестивал во кој актерот се јавува и како почеток и како крај на еден театарски чин. Актерот, сам… како тело и душа на театарското дело. Актерот сам на сцена, без мнозинството. Само актер во монодрама може вистински да каже “Театарот-тоа сум јас”…..иако од скромност и љубов и почит кон театарот, тоа никогаш нема да го каже.

На фестивалот ќе се изведат монодрами од 9 земји од светот во седумте фестивалски дена.

Свеченото отворање на фестивалот синоќа, оддаде почит на сите личности кои низ изминатите 25 години дадоа свој придонес во растот на овој фестивал.

Признанија добија: Министерство за култура, Љупка Коларова Пајевиќ, Борис Чоревски, Ана Бегајовска, Зоран Димовски, Борче Димитровски, Петар Мирчевски, Нина Мазур, Општина Битола, а специјално признание доби ЗК Пелагонија, без чија поддршка велат организаторите е невозможно да се реализира гостувањето на шоуто Глумците пеат со кое се отвори јубилејното издние на ИФМ.

По отврањето во Малата сала во 18 часот имаше промоција на Книга на монодрами, наградени текстови по распишан конкурс, по што беа прикажани драмите „Без Откажување“ и „Фетифист“

е-Трн да боцка во твојот инбокс