Отворен повикот за Интернационалното графичко биенале ДЛУМ 2024

Повикот за Интернационалното графичко биенале ДЛУМ 2024 е отворен и на него ќе може да се аплицира до 5 ти септември 2024- та година.

Интернационалното графичко биенале на ДЛУМ е значаен настан на современата меѓународна графичка сцена. Неговото  шесто издание ќе биде организирано како онлајн изложба на ФБ страната на ДЛУМ од 15 – 30 септември 2024 година.

Повикот е отворен за сите уметници од целиот свет, без ограничување во години или национална припадност. Заинтересираните уметници треба да го пополнат формуларот за учество, да испратат најмногу  2 фотографии од графики со резолуција 300 dpi во pdf ili jpg  и за оние учесници кои не се членови на ДЛУМ, треба да испратат кратка описна биографија до 100 збора.

 Селектори на изложбата и жири се графичари од Уметнички совет и Управниот одбор на ДЛУМ и гости професионални графичари ќе ги селектираат и оценуваат пристигнатите дела. Одлуките се без право на жалба. Селектираните автори ќе бидат известени по пат на е-меил до 12 септември 2024година – листата на учесници ќе биде објавена на ФБ страната на ДЛУМ.   

Ќе бидат доделени две награди – Плакети и Сертификати за учество на сите учесници.  Сите автори кои учествуваат на изложбата, му даваат право на организаторот на Биеналето да  ги користи нивните дела во сите публикации на Биеналето.
Сите селектирани автори ќе добијат каталог во електронска форма. Наградените дела ќе бидат објавени на ФБ страната на ДЛУМ

е-Трн да боцка во твојот инбокс