Вчера во Тетово беше отворена последната, седма по ред Јуроп Хаус во земјава.

,,Започнавме со примопредавање на европската библиотека на тркала и донација на книги од европски автори, продолживме со прошетка низ Тетово и средби со спортски авантуристи и активисти за заштита на Шар Планина. Дебатиравме со студенти од двата градски универзитети за животната средина, за на крајот да уживаме во концертот на Zarina Prvasevda и нејзиниот ансамбл и сетот на DJ REDI. За помалку од 5 години отворивме 7 места на новата генерација: започнавме со Europe House Skopje во 2019, Europe House Kriva Palanka и Europe House Strumica во 2021, Europe House Bitola и Europe House Veles минатата година и Europe House Struga минатата недела. Europe House Tetovo е нашиот број 7- број кој симболизира среќа, потрага по знаење, но и чувство на целосност и комплетност.И, да – со ова ново урбано катче го завршивме и одбележувањето на #EuropeDay2024!” , велат од Делегацијата на ЕУ во земјава.