„Piargy“ нов филм на Иво Трајков со музика на Кирил Џајковски

По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил
Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков. Станува
збор за неговото најново остварување наречено “Piargy”, впечатливо кинематографско
дело работено во црно-бела техника.

Авторите за нивниот филм велат: Ова е приказна за една млада жена, Јулиши, која се омажи за синот на најбогатиот земјопоседник во селото, но не се спротивставува на насилното заведување на својот свекор и ненамерно се наоѓа среде груб љубовен триаголник. Баладата на Пиаргија е симбол на модерната Содома и Гомора, огледало на искривениот морал на општеството. Во исто време, тоа е натуралистичка метафора за подредената положба на жената во патријархалното општество. Баладата на Пиаргија зборува за патријархалната положба на мажите, кои користат моќ и пари за да ги понижат жените. Тоа се случуваше пред сто години и движењето „Me too“ е доказ дека тоа се случува и денес.

Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски
живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го
опишува како исклучително дело. Последно во низата признанија што “Piargy” ги доби
е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија
за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во
шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика.
“Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката
од филмот веќе може да се слуша и даунлодира од сите дигитални музички сервиси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс