Американскиот писател Том Робинс почина во 93 тата година од животот, потврди неговиот син, не наведувајќи ја причината за смртта.
Роден e како Томас Јуџин Робинс и автор e на повеќе од 11 бестселери. Неговата прва книга, „Уште една атракција на патот“ беше објавена во 1971. година кога Tом имал 39 години.
Романот стана андеграунд класик, пренесува Лос Анџелес Тајмс. Неговиот следен роман од 1976. година, „Дури и каубојкитесе тажни“, е адаптиран во филм од 1993 година, во режија на Гас Ван Сент, со Ума Турман и Киану Ривс во главните улоги.
Иако еднаш изјавил дека никогаш нема да напише мемоари, неговата книга „Тибетанска пита од праски: вистински приказ на фантастичниот живот“, објавена во 2014. година, е еден вид приказ на неговиот живот.
Од неговото детство во планините Апалачи за време на „Големата депресија“ до психоделичната револуција на 1960-тите на Западниот брег, мемоарите беа, како што рекол за Њујорк Тајмс во 2014. година, „поттикнати од желбата да им удоволи на жените“. Робинс е роден на 22 јули 1932. година во Северна Каролина, а со 10 години, неговото семејство се преселило во источен Вирџинија.
Тој беше најстар од четирите деца, вклучувајќи ги близначките Мери и Маријан и Рена, кои починаа пред да наполни седум години. Робинс ја доби наградата за животно дело во уметноста 1997. година на уметничкиот фестивал „Бамбершут“ во Сиетл и наградата за литературно животно дело 2012. година од Библиотеката на Вирџинија.