Почнаа гужвите на Евзони, три часа се чека за влез во Македонија

Покрај Евзони/Богородица, на граничниот премин Дојран се чека околу еден час, а освен македонските, традционално бројни се и српските туристи
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Продолжениот викенд завршува, но од попладнево започнаа гужвите на граничниот премин Евзони во соседна Грција.

Според сведоштва на граѓани социјалните мрежи хаосот почнал уште во 14 часот по грчко време повеќечасовни чекања се регистрираат на граничниот премин Евзони, каде што граѓаните чекаат околу три часа за излез од Грција и влез во Македонија.

Колоните возила се протегаат со километри, а причината за хаосот, покрај зголемениот број патници, е и примената на новиот европски систем за влез и излез – ЕЕС (Entry/Exit System), кој значително ги забавува граничните процедури.

Покрај Евзони/Богородица, на граничниот премин Дојран се чека околу еден час, а освен македонските, традционално бројни се и српските туристи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс