Секоја модна недела во Њујорк, одредени дизајнерски предмети се појавуваат како омилени на луѓето кои ја следат модата. Минатата година сите носеа блузи со логото на Prada и минимални штикли со прерамки од The Row. Меѓутоа, изминатите месеци, модниот свет го засенија едни чевел кои беа предодредени да станат вирални: големите црвени чизми на MSCHF, соодветно наречени Големата црвена чизмичка.

Ако не сте запознаени со MSCHF, тие се експерименталниот моден бренд кој сака да ги користи своите изданија на производи за да испратат порака, најчесто контраверзна. Тие издадоа чизми кои наликуваат на медицински гипс, па дури и Satan патики во соработка со Lil Nas X на кои имаше капка вистинска крв во табаните. Брендот сака да ги поместува границите на модата и што е уште поважно, да привлекува внимание и да се појавува на насловните страници. Нивното последно издание – изгледа како нешто што би го носел Марио од Супер Марио. Чизмите се продаваат по цена од 350 долари, се направени од TPU гума и надворешен ѓон EVA, а земаат дизајнерски инспирации од видео игра. „Цртанизмот е апстракција што нè ослободува од ограничувањата на реалноста“, се вели во соопштението за на комапнијата во врска со чизмите. „Ако клоцате некого во овие чизми, тој ќе отскокне!“
Монструозните чизми беа забележани на познати личности и ѕвезди од уличниот стил на модната недела во Њујорк. Уличниот фотограф на Vogue, Фил О, ги снимил на Доријан Електра, кој ги стилизирал со графички капут, мини здолниште (за целосно да се прикажат чевлите) и соодветна црвена беретка. Моделот Сара Снајдер во комбинација со сјајно црвено здолниште и бели хулахопки; Ѕвездата на TikTok и модел Виздом Кеј ги стилизираше со атлетски шорцеви. Се чинеше дека консензусот беше да се дозволи чизмите за изјава да бидат фокусна точка (а би било тешко да не се направи тоа). Надвор од модниот сет, исто така има неколку ѕвезди кои ги носат. Кошаркарот Шаи Гилгеус-Александар ги носеше во арената пред натпревар; Дипло ги носеше за да гледа натпревар на Никс.

Со оглед на тоа колку обувките се непрактични и невообичаени, изненадувачки е да се види колку брзо – и колку широко беа распространети – модниот свет се нафрли на нив, дури и пред да бидат пуштени во продажба. Тие се вистински предизвик да се носат: голем број видеа на TikTok покажуваат колку вежбање е потребно за да ги облечете и соблечите. Но, ако модните луѓе сакаат една работа, тоа е нешто што привлекува внимание, а овие чизми ги натераа сите да зборуваат за нив и да ги забележат оваа сезона. Оние кои се осмелиле да ги носат добиваат бонус поени за преземање ризик.
Извор: The Vogue