Преку “Girls Power” младите лидерки стекнуваат комуникациски вештини

„Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА , продолжи со реализација на едукативната програма „Girls power” . Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествуваат на третиот од вкупно четирите едукативни работилници кои ги спроведува Асоцијацијата, а е посветен на комуникации и медиуми.

Комуникациските вештини кај младите лидерки помагаат тие да станат силни, иновативни и уверени во своите способности.

Низ модулите учесничките се воведуваат во светот на знаењето, самоувереноста и искуствата, но им се дава можност за вмрежување, взаемна соработка и постигнување на своите желби и амбиции. По завршување на обуките секоја од учесничките ќе добие поддршка преку која ќе треба да спроведат општествена акција која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво.

Основната цел на оваа програма е низ презентации, вежби и сценарија учесниците да го разгледаат значењето на младинското лидерство и какво е неговото влијание на заедницата и личниот развој, но и кои вештини се потребни за успешно младинско лидерство, вклучувајќи ја комуникацијата, тимското работење и управувањето со проекти.

Активностите за јакнење на лидерските вештини кај жените се дел од проектот на СИГА, „Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment“ и се поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка  (ГИЗ),  како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс