Во петок, на 17- ти мај, во 20 часот, во Театар Куманово, премиерно ќе биде изведена претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“, во режија на Владимир Николовски.
Во претставата играат Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Драган Илиќ, Владанка Крстевски и Жарко Јовановиќ.
Сценариото на претставата е на Марио Стошевски, а костимите ги изработи Дарко Илиевски.