Како изгледа човек кој користел над 140 различни дроги? Не знаев што да очекувам пред интервјуто со Доминик Милтон Трот, автор на „Искрената книга за дрогите“ – но навистина, неговиот изглед не треба да изненадува: човек во педесеттите години со тркалезно, лице, топол манкунски акцент и хипи ѓердан од заб од ајкула што виси веднаш под неговото Адамово јаболко.
Но, растурање на нашите стигми околу дрогата е животна мисија за Трот, кој тргна на речиси децениско патување за да напише книга за која се надева дека ќе послужи како Библија за намалување на штетите од користењето дрога. Искрената книга за дрогите – за која Трот конзумирал 140 дроги, пишувајќи интимни, полуакадемски извештаи за повеќето – не е прирачник за хедонисти. Што го инспирирало да нурне толку длабоко во зајачката дупка?
VICE: Што е приказната со „Искрената книга за дрогите“?
Трот: Почнав да пишувам дневник за моите искуства со дрогата пред седум или осум години. Тогаш тоа беше повеќе табела, но имав идеја дека некој треба да ги собере овие информации. Откако дојдов до 30 или 40 записи, сфатив дека треба да биде почитлива – книга – за да биде привлечна за просечниот човек. Подоцна, кога забележав на онлајн форумите за дрога колку луѓе умираат поради недостаток на знаење за тоа како да земаат дрога, сфатив дека создавам критични податоци кои би можеле да спасат животи.

Дали постои друга книга како оваа?
Трот: Не, најблиску е книгата на [Александар] Шулгин [PIHKAL: A Chemical Love Story]. Но, тоа е само за психоделици, и нечитливо за децата од улица.
Вие сте многу искрен за ефектот на психоделиците врз вашиот живот. Вашето искуство во Перу со ајахуаска беше – како што е за многу луѓе – крајно трансформативно.
Трот: Тоа ми даде најмногу мудрост. Имаше најфундаментално влијание врз начинот на кој го гледам светот. Ми даде поголема самодоверба да ги гледам работите поинаку – како завршувањето на оваа книга. Пред да земам ајахуаска, имав визии како некој од Дејли Меил се појавува на мојот преден тревник, прогласувајќи ја за најопасната книга во Британија. Сè уште се грижам, но по ајахуаска, престанав да се грижам доволно за да го завршам проектот.
Истото не може да се каже за вашето искуство со земањето Black Mamba – вештачки канабиноид. Тоа ви даде „акутен страв“ и го нарекувате „апсолутно ужасно возење“.
Трот: Бев свиткан во фетална положба на креветот. Беше ужасно. Но, една од работите што ме мотивираше низ тоа искуство беше знаењето дека ќе му дојде крајот. Истражував претходно. Но, ако јас бев наивно 16-годишно дете кое само мислеше дека тоа е само вештачки канабис, тогаш ќе се впуштев неподготвен во овој пекол и тоа би било навистина застрашувачко. Токму ваквото искуство ме натера да ја напишам и да ја завршам книгата.

Лошо си поминал со хероин.
Трот: Хероинот беше убав, но земав доста голема доза. Тоа е како алкохол; ако пиете многу алкохол првиот пат, ќе повраќате. Мислам дека тоа е она што се случи со мене. Утрото се разбудив со мамурлак што беше многу блиску до мамурлак од алкохол. Мислам дека ако престанев, ќе беше поинаква работа, но бара повеќе! Сакав да продолжам понатаму. Не ми беше лошо првите неколку часа, но генерално страшно си поминав. Следното утро, мислев дека лесно можеш да се разбудиш и да продолжиш. Не го сторив тоа – и онака го фрлив остатокот – но ме натера да сфатам како некој може да продолжи така.
Уживате во амфетамините, но многу луѓе ги мразат – тие мислат дека се „непријатни роднини“ на семејството на стимуланси.
Трот: Тоа е веројатно затоа што ги немате истите ефекти што ги имате со кокаинот. Но, амфетаминот трае многу подолго и можете да заборавите дека сте на дрога речиси, освен фактот дека сте навистина „хај“. Со амфетамин [спид] закрепнав по неколку дена. Кристал мет, не ми се допаѓа. Мислам дека тоа е нешто поврзано со допаминот. Мислам дека паѓаат многу од кристалниот. Во вистинската средина може да земам амфетамини, но никогаш повеќе не би земал кристален мет.

Во еден дел од книгата се обидувате да ги одвратите децата од земање дроги. Но, дали некои луѓе би можеле да кажат дека една ваква книга ги вооружува младите луѓе да се дрогираат?
Трот: Да им кажеш на децата дека „ако се дрогираш ќе умреш“ е само фарса. Никогаш нема да успее. Но, на младите луѓе на почетокот на книгата им велам дека не треба да земаат дрога, вклучително и алкохол: дека нивниот мозок сè уште не е целосно развиен и треба да чекаат. Се надеваме дека таа порака ќе помине. Но, ако сè уште сакаат да експериментираат, треба да можат да добијат веродостојно податоци и информации. За мене, тоа е само разумно, а сè друго е политичка идеологија што го надминува човечкиот живот.
Спомнуваш во книгата дека си создал семејство. Како имањето деца е поврзано со земање толку многу дроги?
Трот: Децата се пораснати и беа на универзитет кога започна ова. Исто така, знам како звучи: „Овој тип земал 140 дроги, па сигурно бил „хај“ цело време. Но, не беше така. Дрога земав кога немаше чуѓе наоколу. Истражував какви ефекти ќе има. Со стимуланси, главно е во ред, бидејќи знаев како ќе биде моето однесување.
Се чини дека сте биле главно сами кога тестиравте стимуланси. Што мислите, како тоа влијаеше на начинот на кој ги доживеавте во споредба со нормален корисник, односно клабер?
Трот: Прифаќам дека тие се во многу поинаков амбиент. Јас го надминував ефектот на еуфоријан и ментално се префрлав на документирањето на искуството на академски начин. Целта ми беше да се создаде хронологија за тоа какво е искуството за луѓето да разберат какво ќе биде нивното искуство доколку ја земат оваа дрога.
Еден од редовните начини за проценка колку ви влијае нејзиниот ефект врз либидото. Зошто е ова релевантно?
Трот: Кога истражував форуми и извештаи за влијанијата на дрогите, најчесто се дискутираше за сексуалната возбудата. За многу луѓе, сексот е голем аспект на употребата на стимуланс, па затоа мислев дека треба да зборувам за тоа. И кога имате дрога како кристал мет, нема да најдете многу форуми на кои не се дискутира за секс. Се разбира, опасност е луѓето да развијат проблеми во врската бидејќи сексот што го имаат после кристал мет станува неверојатно неисполнет. Тоа е сериозен проблем што го гледате и не сакав да бегам од тоа.

Која дрога би ја земале утре ако имате слободен ден?
Трот: Не би зел дрога, навистина. Ретко користам овие денови. Ако одам во Амстердам, можеби ќе пушам трева. Ако патувам некаде каде има интересен психоделик, би го пробал тоа. Со повеќето дроги мислам дека не вреди два-три дена да се чувствувам лошо потоа. Исто така, не сум сигурен дека добар пример за постар дечко!
Фер. И на крај, намерно не вклучувате слика од себе во книгата. Што работите и што мислат вашите колеги за вашата втора кариера?
Трот: Па, јас бев програмер кога програмирањето беше секси работа. На крајот станав консултант за безбедносни ризици за банките. Анализирав ранливост, контроли, влијание, такви работи. Ја напуштив таа работа пред десетина години и станав самовработен, што ми даде време да се занимавам со работите што ги сакав. Поради тоа на крајот излезе „Искрената книга за дрогите“.
Извор: VICE