Исчезната подморница

Пронајдени остатоци од „Титан“, се претпоставува дека сите патници се мртви

Од компанијата „OceanGate“, во чија сопственост беше подморницата исчезна во длабочините на Атлантскиот Океан соопштија дека најверојатно петте патници кои останаа заробени во пловилото се за жал загубени.

Ваквото известување од страна на портпаролот на компанијата доаѓа откако пловило управувано од далечина пронашло дел од подморницата Титан околу 500 метри оддалечено од остатоците на Титаник.

Главниот извршен директор на OceanGate, Стоктон Раш, пакистанско-британскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син тинејџер Сулеман Давуд, британскиот бизнисмен Хамиш Хардинг и францускиот истражувач на длабокото морето Пол-Анри Наргеолет „за жал се изгубени“.

Крајбрежната стража потврди дека „катастрофалното губење на притисок во комората“ резултирало со смрт на пет лица на подморницата, но додадоа дека се уште е нејасно кога пловилото имплодирало.

Адмиралот на Крајбрежната стража, Џон Маугер, кој држеше прес-конференција беше прашан дали мисли дека треба да има промени во безбедносните прописи или инспекции околу потопните пловила.

„Овие прашања во врска со прописите што се применуваат и стандардите, сигурно ќе бидат фокус на разгледување. Во моментов, ние сме фокусирани на документирање на сцената“, рече Маугер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс