Денеска, во 10 часот наутро, платото пред East Gate Mall ќе биде местото каде ќе се соберат родителите и учениците на кои нависитина им значи сета поддршка во школските денови.
Маршот ќе започне од платото на East Gate Mall, ќе води низ самиот мол, и ќе заврши на завршното место на приземјето (спроти Liu Jo), каде сите присутни ќе уживаат во кратка панел дискусија на исклучително важна тема: врсничко насилство, како да го препознаеме, и како да го спречиме. Панел дискусијата ќе биде водена од Бојана Петровска (психолог), а во неа учество ќе земат Слаѓана Вујошевиќ (актерка), Александар Динев (инфлуенсер) и Татјана Алексиќ (професорка).
Настанот пред и во East Gate Mall e од отворен карактер, и сите првачиња и ученици кои почнуваат или се враќаат во училишните клупи се добредојдени. За сите присутни првачиња, Литература.мк ќе обезбеди симболични подароци.