Во Градски Парк Скопје од 12 до 16 јуни ќе се одржи првото издание на Skopyard фестивалот.
Организаторите најавуваат одлична атмосфера за дружење, во комбинација со најдобрата street храна, пијалоци и активности за сите возрасти и пет дена исполнети со многу убава енергија.
Влезот е бесплатен, а добредојдени се и сите шепасти миленици.