Читалната е достапна за сите членови на библиотеката, а студентите, кои редовно ја користат, добиваат посебна поддршка и најубави желби за успешна испитна сесија. За сите оние кои сè уште не се членови, на пултовите во библиотеката можат да добијат информации за зачленување и за сите други услуги што ги нуди оваа институција.
Секој кој има потреба од тивко и уредно место за учење, подготовка или истражување, сега може да го посети новореновираниот простор и да ужива во пријатната атмосфера што ја нуди библиотеката.