Рој Розенфилд од Израел со уникатен настап во Интермецо

Во петок, на 16 јуни, диџејот Рој Розенфилд од Израел ќе има настап во клубот Интермецо во Скопје. Тој врти прогресив, дип и мелодичен хаус, а последните години има голем број настапи за светски познатата продукција All day l dream. Розенфилд, роден во Ерусалим, започнал да се занимава со музика уште на 10 годишна возраст со свирење пијано, а на 15 започнал да експериментира како диџеј. Денес е популарен низ светот и неговата агенда брои многу настапи. Тој истовремено е продуцент, а неговите траки ги користат и други познати артисти. Во последните години голема популарност на Розенфилд му донесоа неговите песни Lift of love, The biggest heart, Moonshine… Соработува со Себастијан Лежер, Тим Грин, Гај Џеј, Ели Нисан, со кои има издадено заеднички траки. Публиката во Скопје ќе има прилика да ужива во уникатоноста на неговиот сет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс