Испеани текстови на Горан Стефановски за неговиот роденден

Општина Центар денеска ги славеше рокенрол приказните на бардот на македонската драма, Горан Стефановски. Традиционално на 27 април, денот кога е роден Стефановски, општината пред неговото спомен-обележје во Дебар Маало организираше настан, посветен на неговата љубов кон рокенролот. Артистот Александар Микиќ одигра сцени со извадоци од рокенрол мистеријата „Лонг плеј“ на Стефановски. Музичарите Марија Каева, Владан Дробицки, Мирко Попов и Дина Јашари имаа изведби на популарните рок нумери од „Леб и сол“ и „Фолтин“, чиј автор е Горан Стефановски. Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година, почина на 27 ноември 2018 година, на 66 години. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс