Се трага по изчезната подморница со петмина – истражувале остатоци од Титаник

Од американската Крајбрежна стража соопштија дека подморницата изгубила контакт околу час и 45 минути откако се нурнала да ги истражува остатоците од Титаник, а во неа имало 5 лица. Според претпоставките на експертите во подморницата има кислород за патниците да преживеат помеѓу 70 и 96 часа, доколку нема оштетувања на надворешниот дел од пловилото.

Од компанијата OceanGate Expeditions, во чија сопственост е подморницата потврдија дека се вклучени во потрагата и дека прават се за да ги спасат нивните патници.

„Ние сме длабоко благодарни за големата помош што ја добивме од неколку владини агенции и компании во нашите напори да го обновиме контактот со подморницата“, се вели во соопштението на компанијата. „Работиме на безбедно враќање на патниците“.

Еден од патниците на исчезнатата подморница е и британскиот бизнисмен и истражувач Хамиш Хардинг, кој е директор на компанијата Action Aviation. Од оваа компанија соопштија дека се уште има време за да се изведе успешна спасувачка мисија и дека се надеваат дека нивниот директор ќе се врати жив и здрав.

Експедицијата беше третото годишно патување на OceanGate за да го бележи распаѓањето на Титаник кој потона 1912 година, при што загинаа сите освен околу 700 од околу 2.200 патници и членови на екипажот. Од откривањето на остатоците во 1985 година, остатоците на бродот полека стануваат жртви на бактериите што јадат метал, а некои предвидуваа дека бродот би можел целосно да се распадне за неколку децении, бидејќи дупките се проѕеваат во трупот и се распаѓаат деловите, пишува AP.

Подморницата со која се извршува експедицијата е тип на пловило на кое му е потребна помош од брод за да ја лансира и извлече од водите на океанот. OceanGate го ангажираше канадскиот брод Polar Prince, број со кој порано управуваше канадската крајбрежна стража, за да превезе десетици луѓе и потопниот брод до местото на потонатиот брод во Северен Атлантик.

Потопната подморница со 5 лица, наречена Титан, е способна да нурне 4.000 метри „со удобна безбедносна маргина“, рекоа OceanGate во својата изјава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс